Викендов се асфалтираше во Висока Маала

naslov

Викендов општина Василево асфалтираше во населеното место Висока Маала. На три различни локации асфалтирани се три улици  со кои се подобрува  локалната патна инфраструктура во ова населено место и им се олеснува пристапот на граѓаните кон своите домови. Конкретно станува збор за три мали улици од по 40-тина метри и ширина од по 3,5 до 4,0 метри според условите на теренот.   Изградбата на овие улици е планирана со Програмата на општина Василево за  изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици и всушност претставува продолжување на активност која е започната претходната година.  Јавната набавка и Договорот за изведба со градежната компанија беа комплетирани кон  крајот на  2018–та, но активностите на терен беа одложени поради неповолните услови за градба во зимскиот период.

Буџетот за овие активности изнесува околу 940 000 денари и истиот е обезбеден од сопствени извори.

Изведувач на градежните работи е фирмата Бони Интерградба од Штип, избрана на јавниот повик како најповолен понудувач.

Градежните активности во општина Василево продолжуваат и во наредниот период и како што информира градоначалникот Марјан Јанев истите се одвиваат согласно плановите и Програмите на општината донесени од Советот на општина Василево.

5

6

9

viber image 2019-04-08 , 09.26.33

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail