Започна Велигденскиот турнир во мал фудбал во с. Добрашинци

naslov

Синоќа, во с. Добрашинци, со натпревар меѓу екипите на Петров Душко и ФК Шкендија, започна Велигденскиот турнир во мал фудбал, кој се одржува под покровителство на општина Василево.

Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој посакувајќи им успех на учесниците порача дека општина Василево секогаш ќе ги поддржува ваквите настани бидејќи овозможуваат  негување на спортскиот дух, меѓусебно дружење на граѓаните и  продолжување  на одредени традиции преку кои се афирмира  општина Василево.

За награден фонд од вкупно 120 000  денари се натпреваруваат 24 екипи од општините од Струмичко-Радовишкиот регион.

Финалето е планирано за понеделник, 29.04.2019 година,  вториот ден од Велигден.

Турнирот е ноќен, натпревароте се играат  со почеток во 20,00 часот, на училишното игралиште во Добрашинци, лоцирано непосредно до основното училиште.

 naslov

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail