Во Василево натпревар во влечење трупец со коњ

is

Под покровителство на општина Василево, во понеделник на 29.05.2019 година ќе се одржи натпревар на влечење трупец со коњ.  Се работи за дрвен трупец со дијаметар од околу 1,5 м. и должина од 6 метри. Победник ќе биде коњот кој ќе помине најголемо растојание влечејќи го трупецот.

Почетокот на натпреварот е во 09,00 часот а стартната позиција е кај големото фудбалско игралиште во Василево.

За најуспешните обезбедени се парични награди.

За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат кај организатаорот на телефонскиот број: 070 763 022

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail