Велигденска хуманитарна акција на основците од општина Василево

naslov

По повод  големиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево организираа  Велигденски базар со хуманитарен карактер. На присутните, меѓу кои беше и градоначалникот на  општина Василево Марјан Јанев, им понудија велигденски јајца, слатки изненадувања и свои изработки инспирирани од празникот  а подготвени со помош од наставниците и родителите.

Иста ваква хуманитарна акција под мотото Велигденски сладок панаѓур организираа и основците од подрачното училиште во Ангелци.

Средствата собрани во двете Велигденски активности  ќе бидат донирани како помош на лице на кои му се неопходни.

1-horz_1280x853

2

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail