Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

FVG_3936_1

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, по повод големиот Христијански празник Велигден, на своите сограѓани од Православна вероисповед им упати Велигденска честитка

Почитувани сограѓани, верници од православната исповед

Од мое лично име и од име на општина Василево Ви го честитам големиот Христијански празник Велигден и Ви посакувам среќни и весели празнични денови

Искрено Ви посакувам Велигден да Ви  ја зацврсти верата, искреноста и љубовта кон блиските и надежта во сеопшта преобразба кон подобро. Нека не потсети на најголемите човечки вредности: толеранција, простување, благодарност и тие вредности  да ни бидат водилки во животот.

Празничните денови да ни бидат исполнети со добрина, радост и спокој, да бидат денови во кои ќе му се посветиме на семејството и најблиските и така сплотени и сложни да му се радуваме на животот.

Почитувани сограѓани!

Во духот на овој ден на радоста, Вам и на Вашите најблиски Ви посакувам среќа и  здравје, благосостојба и убави празнични денови.

 

Нека ни е честит Велигден

Ваш градоначалник, Марјан Јанев

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail