Вонредна седница на Советот на општина Василево

DSC_0852_1280x851

Денес, Советот на општина Василево одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки за реализација на два проекти. Како што беше кажано во образложението дадено за итноста на седницата станува збор за одлуки  кои поради роковите неопходно е итно да се разгледаат и усвојат.

„ Поради краткиот временски рок за комплетирање на документацијата за одобрување на овие два проекти  произлезе итноста за одржување на оваа седница. Првиот проект е за изградба на улица во с. Нова Маала до резервоар и вториот  е  набавка на агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури“ , образложи Симона Стојанова – службеник во администрацијата на општина  Василево.

Согласно образложението дадено во предлог-одлуката за проектот за изградба на улица во с. Нова Маала до резервоар, советот даде согласност токму за овој проект општина Василево да поднесе барање за грант од Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП – грант за успешност.

Со одлуката за обезбедување средства за одржување на агрометеоролошки станици во рамки на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ општина Василево се обврзува за потребите на проектот да обезбеди компјутер каде ќе биде инсталиран софтвер за функционирање на агрометеоролошки станици, соодветна просторија за одржување на информативни и советодавни настани со земјоделците и почнувајќи од 2020 година ќе обезбедува финансиски средства за одржување на поставените агрометеоролошки станици. Овој проект ќе се имплементира  во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и десетте општини од Југоисточниот регион.

За двете предлог-одлуки позитивно се изјаснија сите присутни советници.

DSC_0846_1280x851

DSC_0856_1280x851

DSC_0862_1280x851

DSC_0865_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail