Општина Василево обезбеди средства за техничка документација за канализација во индустриската зона во Градошорци

2

Општина Василево обезбеди средства за Изработка на техничка документација за изградба на фекална канализација за индустриската  зона вон г.р Градошорци.

Денес, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев потпиша договор со Министерството за животна средина и просторно планирање според кој на општина Василево и се доделуваар 500 000 денари за изготвување на техничката документација за изградба на фекална канализација во индустриската зона  во Градошорци.  Вкупната вредност на проектот изнесува 700 000 денари што значи дел од средствата општина Василево ќе ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

Средствата се добиени врз основа на Конкурс објавен  од Министерството за животна средина и просторно планирање од Програмата за инвестирање  во животната средина за 2019 година.

„Со реализација на овој проект односно со изготвувањето на техничката документација  општина Василево ќе го направи  првиот   практичен чекор кон решавање  на прашањето со изградба на фекална канализација во индустриската зона во Градошорци“, изјави   градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев  по потпишувањето на  Договорот.

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail