Општина Василево ги уредува полските патишта

5_1280x960

Деновиве општина Василево  започна со уредување на полските патишта низ населените места.  Уредувањето опфаќа  рамнење,  насипување   и тампонирање со што целосно ќе се санираат  состојбите предизвикани од временските услови во текот на изминатиот есенско – зимски период  и патиштата кои водат кон полето ќе се донесат во нормална состојба со што ќе се створат услови земјоделците непречено да можат да пристапат до своите ниви без страв од уништување на механизацијата.

„Во план е целосно санирање на вкупно 2 500 метри полски патишта и тоа по два во населените места Пиперево, Василево и Градашорци и еден во населеното место Радичево.  Во Радичево тоа е патот што од селото води кон селската црква и гробиштата, во  Василево патот позади црквата кон полето и патот што води во  делот од полето кон Градашорци; во Градашорци ќе бидат санирани патот позади училишната зграда и патот што води кон лозјата на АД Струмичко  поле“, информира  градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев .

Согласно спецификацијата  на овие седум полски патишта ќе биде  нанесен и тампониран околу 1550 м3 материјал  (песок и чакал).

Изведувач на активностите на терен е фирмата Пешо Инженеринг која на јавниот повик беше избрана како најповолен понудувач  и со која општина Василево има склучено Договор токму за изведување на ваков вид работи.

Според градоначалникот Јанев, согласно планот на активности и секако доколку дозволат временските услови целокупната планирана работа треба да заврши за околу еден месец.

1_720x960

naslov_720x960

3_720x960

5_1280x960

6_1280x960

10_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail