Општина Василево потпиша Договор за добивање на универзален ровокопач

5

Денес во Битола, на свечена церемонија градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, заедно со градоначалници од неколку општини на Република Северна Македонија,    потпиша Договор со кој општина Василево во партнерство со општините Босилово и Ново Село доби  ново специјално возило – универзален ровокопач (скип) набавено во рамки на ИПА Програмата на Проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии.

Од страна на Министерството за финансии договорот беше потпишан од министерот  Драган Тевдовски.

Со Договорот  ровокопачот и се дава на трајно коритење на општина Василево која согласно потпишаниот Меморандум за соработка истиот заеднички,  рамноправно ќе го користи со општините Босилово и Ново Село.

„Фактот дека одржувањето на патиштата, посебно на полските и чистењето на каналите се редовно на агендите на секоја од трите  општини – партнери,  ровокопачот  ќе биде максимално искористен и ангажиран, за што трите општини  веќе имааат план на активности како користењето би било рамноправно од страна на сите партнери и би се постигнала оптимална искористеност на машината и  секако максимални ефекти и резултати на терен“ е ставот на градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Ровокопачот во Василево ќе биде донесен во текот на наредната недела по што и  практично ќе биде ставен во функција.

Инаку вкупниот износ на Програмата изнесува 20,667 милионо евра од кои 15,5 милиони се обезбедени од ЕУ.

4 6 7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail