Советот на општина Василево ги усвои извештаите за извршување на општинскиот Буџет за првиот квартал

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 21-ва седница, на која беа усвоени финасиските извештаи за извршувањето на Буџетот на општина Василево за првиот квартал од годината односно за периодот 01.01.2019 до 31.03.2019 година. Согласно доставените материјали реализацијата кај основниот Буџет на општина Василево изнесува 44,72 % односно од планирани 93 566 350 денари реализирани се 41 837 493 ден. додека кај консолидираниот Буџет ( Буџетот на општина Василево заедно со Буџетите на единките корисници, односно Буџетите на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ и детската градинка „Прва радост“ од Василево)  изнесува 35,90% или изразено во номинална вредност, од планираните 172 300 150 денари реализирани се 61 840 260 денари. Реализацијата кај блок дотациите е 23,45%, кај самофинансирачките 10,53% а кај донациите 69,12%. Согласно доставениот извештај за доспеани а ненамирине обврски, на крајот од овој пресметковен период општинскиот долг изнесува 34 115 656 денари а кредите за изградба на водоводната мрежа во с. Чанаклија, за изградбата на улицата во с. Нова Маала и реконструкцијата на улицата во с. Пиперево  се исплаќаат со предвидената динамика.

Усвоени беа и Годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Извештајот од спроведената самоевалуација на ООУ„Атанас Нивичански“ , Нова Маала за период 2016-2018 година и Финансискиот извештај на ЈП „Турија“ за првото тромесечие од 2019 година.

Од  УО на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево разрешена беше Верче Миткова а на нејзино место именувана Павлинка Николова.

Советниците ги усвоија и предложените промени во Статутот на општина Василево, а истите се поврзани со неодамнешната промена на името на државата Република Македонија со Република Северна Македонија.

Усвоени беа и предложените промени на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во 2019 година, во делот на изградбата на улици во населените места. Имено со денешниот предлог наместо улица од 200 метри во населеното место Нова Маала, улица со исто толкава должина ќе се гради во населеното место Доброшинци.

Останатите осум точки од  дневниот ред на денешната седница беа барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица. За сите нив Советот позитивно се изјасни  и одобри исплата на одреден  финансиски износ од општинската каса.

1

2

4

6

9

10

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail