Во Василево измени во составот на Комисијата за процена на штети

sala sovet

Синоќа на Вонредна седница, Советот на општина Василево донесе Одлука за  измена на Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди формирана на седницата што се одржа пред три дена односно на 25.06.2019 година. Согласно денес донесената Одлука од Комисијата разрешени се членовите Ѓорѓи Вучковски и Стојан Тонев а на нивно место именувани се Марјанчо Трајков и Миле Петров.

По направените измени Комисијата е во следниот состав: Павле Горгиев –  претседател и челнови: Љубинка Делева, Никола Цонев, Марјанчо Трајков и Миле Петров. Според информацијата од претседателот на Советот на општина  Василево  Крсте Панев до измена во составот на Комисијата дошло поради тоа што двајцата членови, Ѓорѓи Вучковски и Стојан Тонев,  предложени од страна на ВМРО ДПМНЕ самоволно се откажале од учество во работата на Комисијата.  „Заради итноста на активностите кои оваа Комисија треба да ги преземе неопходно беше веднаш да закажеме и одржиме вонредна седница, бидејќи е неопходно во најбрзо време да се започне  со увид на терен и процена на состојбата“, изјави претседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев, кој исто така информираше дека Комисијата во новиот состав  уште синоќа се состанала и веќе од денес ќе започне со посета на терен и процена на штетите.

Резултатаите од увидот и проценката во форма на Извештај Комисијата ќе ги достави до Градоначалникот и Советот на општина Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail