Општина Василево ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување преку ЈПП со ЕСКО компании

5

Општина Василево преку  ЈПП  (Јавно приватно партнерство) со ЕСКО компаниja (Компанија за енергетски услуги)   ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување, за кое нема да потроши ниту денар од сопствениот буџет.  Изведбата и финансирањето ќе биде од приватни енергетски компании, т.н ЕСКО компании ( Energy Services Company), односно фирми кои ќе даваат услуги во енергетскиот сектор, а својата услуга ќе ја наплаќаат преку  направената заштеда на енергија. Спецификите и суштината на проектот ги презентираше раководителот на проектот

на Европската банка за обнова и развој Здравко Стефановски.

„Регионалната Програма за енергетска ефикасност која е финансирана од Европската унија, а раководена од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница,  има за цел да ги поддржи  проектите за енергетска ефикасност и тоа во секторот за улично осветлување и малите дистрибутивни системи за греење.  Истите се спроведууваат и финансиираат од приватни енергетски компании, т.н ЕСКО компании ( Energy Services Company), односно фирми кои ќе даваат услуги во енергетскиот сектор. Општина Василево е една од општините кои изразија интерес во првиот повик и е една од у првите седум општини во државата во кои се спроведува овој пилот проект. Целокупното финансирање го спроведува приватна ЕСКО компанија, односно фирма која врши услуги во енергетскиот сектор“ рече во својата презентација Стефановски притоа  објаснувајќи го детално начинот на кој општината преку месечните заштеди во енергија ќе го плаќа ануитетот кон ЕСКО компанијата која ќе биде избрана на тендер.

Бенефитот на општината е повеќекратен и долгорочен бидејќи се обезбедува квалитетно енергетски ефикасно улично осветлување кое континуирано ќе бележи заштеди односно пониски сметки за потрошена електрична енергија по основ на  улично осветлување, како и опрема која и по завршувањето на договорот останува во сопственост на јавниот партнер односно на општината.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка.

DSC_0959_1280x851

DSC_0943_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail