Општина Василево потпиша договор со БРР за асфалтирање на улица во Добрашинци

brr4

Денес, на свечена церемонија во Владата на Република Северна Македонија , градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев  и директорот на Бирото за регионален развој,   Рамиз Реџепи,  го потпишаа Договорот со кој на општина Василево од Бирото за регионален развој и се  одобруваат средства во износ од  3 000 000 денари  за реализација на проектот, Асфалтирање на улица во населено место Добрашинци. Средствата се обезбедени од Програмата за развој на селата со специфични развојни потреби при Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа.

Вкупниот Буџет за реализација на оваа улица изнесува околу  5 200 000 денари.  Дополнителни средствата за комплетна реализација во износ од околу 2 200 000   денари се обезбедени од општинскиот Буџет.

Должината на улицата изнесува 420 метри и истата се протега од мостот на влезот во селото, преку опфатот на селото па се до постоечкиот земјен пат во самото село. На целата должина предвидена е изградба на два монтажни цевасти пропусти.

Во наредниот период следува  распишување на тендер за избор на градежна компанија која ќе ги реализира активностите на терен

brr2

brr1

brr3 brr4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail