Во организација на општина Василево одбележан 19-ти јули

naslov

Денес, во организација на општина Василево, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, беше одбележана историската средба на младите од Струмица и Радовиш која се случила на 19-ти јули 1941-ва година, на половина пат меѓу Струмица и Радовиш  во близина на населеното место Радичево.

Пред 78 години под превезот на настан за заедничко дружење на младите од Струмица и Радовиш, биле поставени основите на нивната идна  заедничката револуционерна соработка. На настанот од 19-ти јули му претходеле демонстрациите од април 1941-ва, организирани од  Партиската отганизација во Струмица, по што  членовите на Партијата и СКОЈ имале јасна задача: на секој граѓанин, младинец и работник да му се укаже за целта и тенденцијата на окупаторот. Посебен акцент бил ставан на будењето на националната свест кај младата генерација.

На денешното одбележување беше прочитан реферат за настанот, а делегации од општина Василево и општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш положија свежо цвеќе пред спомен плочата која сведочи за настанот.

1

DSC_0990_1280x851

DSC_0998_1280x851

naslov

DSC_1010_1280x851

DSC_1011_1280x851

DSC_1014_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail