Стариот пат Василево-Струмица се збогува со коцката

Vasilevo-Dobrejci

Денес, Јавното претпријатие за државни патишта изведуваше активности на асфалтирање на стариот пат Василево-Струмица, во делот од Добрејци до надвозникот кај Василево. Со тоа и последната делница од овој пат кој беше со коцка веќе е минато.

Според информација од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, општина Василево до ЈП за државни патишта уште во текот на минатата година има поднесено барање за реконструкција на овој  дел од патот  со оглед на постојната лоша состојба но и  секојдневната експлоатација и фреквенција, посебно  ако се има предвид фактот дека освен што поврзува две општини од двете страни на патот се протега индустриската зона Василево.

„ Овој патен правец го користат жителите на општинскиот центар Василево како едно од сообраќајните решенија до Добрејци и Струмица. На ова треба да се додаде дека искористеноста се зголемува и поради индустриските капацитетите во овој дел,  а имајки во предвид дека беше сеуште со коцка, како општина уште лани поднесовме барање за реконструкција и еве директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов најде начин да го вметне овој пат во годишната програмата, кој всушност преставува и меѓуопштински патен правец“, ни изјави градоначалникот на Василево Марјан Јанев.

Со комплетното асфалтирање на планираната делница учесниците  во сообраќајот ќе добијат сообраќајно решение со кое ќе се подобри квалитетот и безбедноста при патувањето.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail