Потпишан Договорот за реконструкција на патот до брана Турија

3

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова, во петок, 16.08.2019 година, во просториите на општина Василево потпишаа Договор за партнерство за реализација на проектот „Реконструкција на пат од крстосница пред с.Доброшинци до брана Турија“. Должината на патот изнесува 800 метри а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, преку мерката Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Согласно Договорот одобрени се 11.822.560 денари или околу 190 000 евра. Учеството на општина Василево е преку плаќањето на износот на ДДВ-то за овие средства.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев,  во наредните денови следува тендерирање за избор на компанија – најповолен понудувач кој ќе ги изведува работите на терен.

„Ова е само чекор во постапката чиј краен резултат ќе го почувствуваат бројните корисници на овој пат. Со реализацијата на овој проект само ја потврдуваме нашата цел за асфалтирање на сите локални патишта, улици и улички во нашите населени места, стварајќи оптимални услови во локалната патна инфраструктура и воопшто подобри услови за живот на сите жители на општина Василево“, изјави градоначалникот наопштина Василево Марјан Јанев.

6

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail