Општина Василево преку ЈПП со ЕСКО компании до енергетски ефикасно улично осветлување

6

Општина Василево е една од петте општини во РСМакедонија која преку ЈПП (Јавно приватно партнерство) со ЕСКО компаниja (Компанија за енергетски услуги)   ќе обезбеди енергетски ефикасно улично осветлување за кое нема да потроши ниту денар од сопствениот буџет.

Денес, во Скопје, во просториите на Стопанска комора, во организација и на покана на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија а во соработка со Проектот „Создавање услови за имплементација на ЕСКО проекти“, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев заедно со  претставници од стручните служби на општината присуствуваше на работилница за енергетска ефикасност за проекти за јавно улично осветлување.  Општина Василево како една од петте општини во државата во која ќе се имплементира проектот, пред присутните претставници на Министерството за економија,  ЕСКО компаниите, Банките и експертите имаше презентација на техничката документација за јавното улично осветлување и нејзиниот опфат.

Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, следниот чекор е објавување на јавна набавка за избор на ЕСКО компанија која ќе го реализира проектот на терен.

Бенефитот на општината е повеќекратен и долгорочен бидејќи се обезбедува квалитетно енергетски ефикасно улично осветлување кое континуирано ќе бележи заштеди односно пониски сметки за потрошена електрична енергија по основ на  улично осветлување, како и опрема која и по завршувањето на договорот останува во сопственост на јавниот партнер односно на општината.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка.

1

3

6

8

20

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail