Решен проблемот со одгледувачите на свињи на депонијата кај Добрашинци

2

Денес, во Василево,  на  иницијатива и покана на градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, беше одржан  заеднички состанок  на кој присуствуваа  Ветеринарните друштва од Струмичкиот регион, инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство Сашо Беџовски и одгледувачите на свињи  од Добрашинци кои свињите ги одгледуваат на регионалната депонија Шапкар кај Добрашинци.  Како што информираше градоначалникот на општина Василево  засегнатите страни успеале да постигнат Договор. Договорено е свињите  кои се одгледуваат во близина на депонијата да им бидат одземени на одгледувачите и притоа за истите да добијат соодветен надоместок од страна на  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Постапката со одземање на свињите ќе се случи во средината на наредната седмица.

„Ова е втор состанок во ваков состав оваа недела и сметам дека сите треба да сме задоволни бидејќи успеавме  да постигнеме Договор а со тоа да ги испочитуваме и препораките од Владата на РСМакедонија во врска со појавата на болеста Африканска свинска чума во соседна Бугарија“, изјави Марјан Јанев, градоначалник  на општина Василево на чија територија се наоѓа регионалната депонија Шапкар  во чија близина граѓаните на Добрашинци одгледуваат свињи.

1

2

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail