Започна изградбата на улица во Добрашинци и локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

DSC_0013_1280x851

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев денес беше на терен  и изврши увид во градежните активности во населените места од подогражденскиот крај каде се изведуваат активности за изградба на локалната патна инфраструктура. Во населеното место Добрашинци деновиве започна изградбата на една од улиците која води од мостот на влезот во селото, преку опфатот на селото па се до постоечкиот земјен пат во самото село. Дел од средствата во износ од 3 000 000 денари,  општината ги обезбеди  од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа а остатокот од сопствениот буџет. Улицата е во должина од 420 метри и поради специфичноста на теренот активностите опфаќаат   расчистување на трасата од грмушки,  дрвја и корења, испумпување на вода по должина на трасата, изградба  на каналското  корито како и    изградба на два цевасти пропусти.  Вкупниот буџет изнесува околу 5 300 000 денари,  а изведувач на работите на терен е градежната компанија Жикол.

Компанијата Жикол е изведувач и на градежните работите кои денес започнаа на дел од  локалниот пат Чанаклија – Нова  во должина од 1 700 метри со што комплетно ќе заврши асфалтирањето на овој четири километарски локален пат а со тоа и поврзувањето со асфалт на  жителите од овие две населени места.  Вкупниот буџет за изградба на овој локален  пат изнесува околу 15 000 000 денари и истите се обезбедени  од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Доколку активностите се одвиваат со предвидената динамика изградбата на улицата во Добрашинци и на делот од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала теба да завршат за четири месеци.

Со изградбата на овие патишта општина Василево го подобрува квалитетот на условите за живот на своите сограѓани.

DSC_0001_1280x851

DSC_0008_1280x851

DSC_1092_1280x851

DSC_1100_1280x851

DSC_1115_1280x851

DSC_0013_1280x851

DSC_0016_1280x851

DSC_0022_1280x851

DSC_0028_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail