Општина Василево асфалтира улици во повеќе населени места

naslov

Денес општина Василево асфалтираше улица во населеното место Ангелци. Улицата е со должина од 150 метри и ширина од околку 3,5 метри. Буџетот во висина од околу 750 000 денари е обезбеден од општинската каса. Ова е првата од вкупно 14-те улици кои општина Василево ќе ги изгради во текот на оваа градежна сезона како дел од годинешната Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици.

„Деновиве започнавме со изградба  на  повеќе улици во неколку населени места.   Денес се асфалтира  првата  од  вкупно четиринаесет  кои ќе бидат изградени  во текот на оваа градежна сезона во вкупна должина од 1 600 метри и тоа во населените места Седларци, Ангелци, Градашорци, Василево, Пиперево, Добрашинци, Сушево и населеното место Висока Маала. Овие улици ќе бидат изградени со средства од Буџетот на општина Василево во вкупна вредност од  околу 7 000 000 денари односно околу 120 000 евра“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој денес беше во населеното Ангелци каде што се асфалтираше.

Во текот на денешниот ден ќе се асфалтира и една од улиците во населеното место Градашорци.

На планот на локалната патна инфраструктура паралелно со изградбата  на овие улици, се врши и изградба и реконструкција на локални патишта и улици со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и средства од Бирото за регионален развој и тоа: асфалтирање на дел од локален пат Нова Маала – Чанаклија  во  должина од 1700 метри со што конечно ќе се заврши изградбата на оваа делница; Реконструкција и ревитализација на локален пат Ново Владиевци – Сушево во вкупна должина од 1878 метри со средства обезбедени од АФПЗРР; Реконструкција на улица во Василево од пошта до црква во должина од 216 со изградба на атмосферска канализација, ново улично осветлување и пешачки патеки од двете страни на улицата, како и изградба на улица во населеното место Добрашинци во вкупна должина од  420 метри со средства обезбедени од  БРР.

„Асфалтирани улици низ населените места и асфалт до секој дом е  состојба во локалната патна инфраструктира  кон која се стремам од самиот почеток на мојата функција. Сметам  дека добрата патна  инфраструктура е  од клучно значење како за економскиот развој на општината, така и за подобрување на целокупниот амбиент на живеење  во нашата општина“ нагласи градоначалникот Јанев, чии планови и активности во оваа сфера продолжуваат и во наредниот период преку изготвување на  техничка документација како основа за нови апликации и обезбедување на средства за нивна реализација.

DSC_0077_1280x851

DSC_0092_1280x851

DSC_0109_1280x851

DSC_0140_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail