Градашорци доби две ново-асфалтирани улици

naslov

Од денес локалната патна инфраструктура на населеното место Градашорци е  побогата со две ново-асфалтирани улици.  Една  во должина од 180 и друга од 120 метри се двете улици  од  годинешната Програма за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа, чија реализација започна претходната недела.  Улиците се со ширина  од 3,5 до 4,0 метри која варира во зависност од условите на терен.

Вкупниот буџет за двете улици изнесува околу  1 400 000 денари односно  околу 650 000 денари за улицата од 120 метри и околу 750 000 денари за улицата од 180 метри.Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Реализацијата на Програмата за локални патишта и улица, согласно динамичкиот план продолжува и во наредниот период.  Следна  за асфалтирање е  улицата  во населеното место Седларци, по што следуваат и останатите од планираните,  односно улици во населените места  Сушево, Висока Маала, Василево и Пиперево.

DSC_0153_1280x851

DSC_0161_1280x851

DSC_0167_1280x851

DSC_0172_1280x851

DSC_0200_1280x851

DSC_0203_1280x851

DSC_0204_1280x851

DSC_0214_1280x851 DSC_0217_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail