Дневен ред за 26-та седница на Советот на општина Василево

sala na Sovet

На ден  14.10.2019 година, понеделник,  со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина  Василево ќе ја одржи 26-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – деловен простор на к.п. бр. 2099, 2100 и 2695 во КО Василево;
  2. Давање на согласност за паралелки со помал број на ученици во ООУ„Гоце Делчев“, Василево;
  3. Физибилити студија за примена на мерки на енергетска ефикасност во системот за јавно осветлување;
  4. Референтна годишна потрошувачка на електрична енергија во општина Василево.
  5. Одлука за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Василево преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел;
  6. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година за периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 год. (К-1);
  7. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 год. (К-2);
  8. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 год. (К-3);
  9. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Костадин Ристов од с.Нова Маала.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail