Советот на општина Василево ја одржа 26-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 26-та седница на чиј дневен ред беа девет точки и сите го добија потребното мнозинство.

Три од нив беа од областа на  јавното улично осветлување  и се однесуваа на  започнатите активности од постапката за воспоставување на Јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел. На дневен ред беа Физибилити студијата за примена на мерки на енергетска ефикасност во системот за јавно осветлување; Референтната годишна потрошувачка на електрична енергија во општина Василево и Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Василево преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел. Според образложението дадено од координаторот на проектот, државниот службеник Бранко Андонов, следна активност е распишување на оглас преку  кој ќе биде избрана компанија со која општина Василево ќе склучи Договор за Јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното улично осветлување. Компанијата со која ќе се склучи Договорот ќе треба во рок од три месеци да изврши реконструкција на мрежата и поставување на новите енергетско ефикасни светилки.  Сето тоа ќе биде без било какви дополнителни трошоци за општината или граѓаните.

На седницата беа усвоени и Кварталните извештаи за финансиското работење на општина Василево за периодот од 01.01.2019 година  до 30.09.2019 година.

Советниците дадоа согласност и за формирање на паралелка со помал број на ученици во ООУ„Гоце Делчев“, Василево, а донесоа и одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно  изграден објект, како и одлука за доделување на финасиски средства врз основа на барање поднесено до Советот на општина Василево.

DSC_0306_1280x851

DSC_0307_1280x851

DSC_0308_1280x851

DSC_0309_1280x851

DSC_0318_1280x851

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail