Започна реконструкцијата на патот кон Брана Турија

naslov

Општина Василево во соработка и партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со  реконструкција на патот што води кон брана Турија. Реконструирани ќе бидат 800 метри почнувајќи од крстосницата  пред с. Добрашинци. Вкупната ширина ќе биде 5,5 метри.

На денешниот старт на активностите на терен присуствуваше и градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев кој информираше дека  овој проект беше избран како приоритетен од страна на Советот за развој на Југоисточниот плански регион минатата година и за истиот  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион поднесе Барање за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини.

„Реализацијата на овој проект е собено важна бидејќи овој пат води кон браната Турија  од која со вода за пиење се снабдува дел од населението на општина Василево и градот Струмица а истовремено Брана Турија е и еден од најзначајните туристички локалитети на територија на нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Вкупниот буџет  на проектот е околу 190 000 евра или 11 664 618  денари од кои  9 885 270 денари  обезбедени од страна на Центарот за развој на ЈИПР преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и  1 779 348 денари од Буџетот на општина Василево.

Согласно планираната динамика и Договорот со изведувачот,  активностите на терен треба да завршат во првите месеци од наредната година.

Работите на терен ги изведува градежната компанија Пешо Инженеринг.

 DSC_0355_1280x851

DSC_0358_1280x851

DSC_0374_1280x851

DSC_0377_1280x851

DSC_0386_1280x851

DSC_0387_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail