Советот на општина Василево ја одржа 27-та седница

DSC_0421_1280x851

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 27-та седница на која беа разгледани и усвоени Измената и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2019 година, Извештајот за проценана штета настаната од елементарна непогода „Дожд и град“ што на 24.06.2019 година ги зафати населените места  Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, и неколку одлуки од делокругот на работа на ЈПКД„Турија“, Василево.Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, измените и дополнувањата на Буџетот на општина Василево за 2019 година се резултат на очекуваниот прилив на средства од  Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Бирото за регионален развој и Светска банка, кои би требало да бидат трансферирани кон крајот на календарската  година а истите се однесуваат за реализација на на неколку капитални проекти. „Измените и дополнувањата се однесуваат за реконструкција и ревитализација на локални патишта и улици бидејќи успавме да обезбедиме средства за нивна реализација од одредени институции, па мораме да направиме проширување на Буџетот за да може да се изврши исплатата на компаниите кои ќе ги реализираат проектите. Станува збор за реконструкција на локален пат Ново Владевци – Сушево, Реконструкција на улица во с. Василево од пошта до црква, Изградба на дел од локален пат Чанаклија – Нова Маала, улица во с. Добрашинци и изградба на улица во с, Нова Маала до резервоар“образложи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. Вкупното проширување на Буџетот изнесува  33 571 560 ден.

Советниците го усвоија и Извештајот за процена на штетата од невремето што на 24.06.2019 година ги зафати населените места Добрашинци, Нова Маала и Висока Маала, според кој  до Комисијата за процена на штета биле поднесени  134 барања, по кои било постапено и по извршената проценка  утврдена е вкупна штета во износ од  29 943 000 денари од кои 14 335 000 денари е штета проценета кај физички лица и 10 608 000 денари штета проценета кај деловни субјекти. Денес усвоениот Извештај од страна на општината ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети од елементарни непогоди.

Усвоен беше и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево за третото тромесечие за 2019 година како и неколку  Одлуки од делокругот на тековните активности на Претпријатието. Имено согласно решенијата од  страна на Регулаторната  комисија за енергетика на РСМ корекции претрпеа цената на водата за пиење и  цената на собирање  и одведување на урбани отпадни води за периодот 2019, 2020 и 2021 година. Корекциите се во насока на намалување на постојните цени. Исто така врз основа на Решение од Регулаторната комисија за енергетика, донесена е и Одлуки за утврдување на тарифата за вода за пиење или водоснабдување за правните лица за периодот 2019, 2020 и 2021 година. Посебен интерес и дискусија кај советниците предизвика предлог-одлуката за  задолжително вклучување во системот на организирано собирање смет на сите домаќинства од населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Сушево и Владевци. Во образложението дадено од директорот на ЈПКД „Турија“, Василево, Зоран Ѓеоргиев потенцирана беше подготвеноста на комуналното претпријатие да ги вклучи во системот на организирано собирање на смет сите домаќинства од овие шест населени места, со цел подобрување на состојбата во оваа област, односно намалување на дивите депонии и заштита на зивотната средина. Оваа одлука го доби потребното мнозинство и истата ќе почне да се применува во пракса односно да се собира сметот од сите домаќинства во овие населени места од 01.12.2019 година. „Заложбите  на ЈПКД „Турија се зајакнување на капацитетот на претпријатието како со механизација односно возила за смет  така и со човечки ресурси  како би можело во иднина да се постигне вклучување на сите домаќинства од општината во организираното собирање на сметот, а со тоа и почиста општина и почиста животна средина“ образложи директорот на ЈПКД Турија на денешната седница.

За потребите за изготвувањето на УП за населено место Владевци,  советниците донесоа Одлука  за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек на река Требичка низ населено место Владевци и истата ќе иснесува најмалку 3,0 метри. Усвоен беше и годишниот план за вработување на ООУ„Атанас Нивичански“, кој како дополнителна точка беше ставен на денешната седница.

Советниците позитивно одговорија и на едно од Барањата за финансиски средства поднесено до Советот на општина Василево.

DSC_0414_1280x851

DSC_0445_1280x851

DSC_0415_1280x851 DSC_0418_1280x851

DSC_0438_1280x851

DSC_0448_1280x851

DSC_0440_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail