Градоначалникот ги започна средбите со граѓани за планирање на Буџетот за 2020 година

naslov

Синоќа,  со средба со граѓаните во населеното место Дукатино, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев ги  започна разговорите околу подготовката на Буџетот за наредната 2020 година. „Целта на  овие средби е најнепосредно, во самото населено место, со сите граѓани кои се заинтересирани, да оствариме комуникација при што

најтранспарентно, директно, самите граѓани ќе се произнесат во врска со своите потреби и ќе ги одредат приоритетите  кои би ги реализирале во наредната година“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој  според календарот на  планираните активности  првата  средба  ја  одржа со жителите на Дукатино, а веднаш по тоа и со жителите на населеното место Радичево.

Заедничко  за двете средби е тоа што како приорети   за наредната 2020 година  граѓаните

од овие две населени места издвојуваат проекти од сферата на локалната патна инфраструктура,  со барања за асфалтирање на конкретни улици. Во населеното место Дукатино на средбата е разговарано и за состојбата со водоснабдувањето.

На средбите присуствуваа и пратеникот во Собранието на РСМакедонија, Сашко Атанасов, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево –  Стојан Тимов, директорот на ПЕ на МЗШВ Васил Коцев, и директорот на ЈПКД „Турија“, Зоранчо Георгиев и претседателот на Советот на општина Василево,  Крсте Панев.

Средбите продолжуваат и во наредните денови.

Денес ќе се одржат средби со граѓаните на Чанаклија со почеток во 19,00 часот и со граѓаните на Нова Маала со почеток во 20,30 часот. И двете средби ќе се одржат во просториите на училишните згради.

4_1280x960

6_1280x960

8_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail