Патната и комуналната инфраструктура, приоритети за наредната година

naslov

Изградба на нови и реконструкција на постојните локални патишта и улици, канализации како и подобрување на состојбата во  водоснабдувањето се приоритетите за наредната година произлезени од штотуку завршените средби со граѓани, што градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев ги реаализираше во текот на изминатите десетина денови, а чија цел беше планирање на Програмите  и Буџетот на општина Василево за  наредната 2020 година.

„ Синоќа, остваривме средба со жителите на населените места Василево и Пиперево. Со тоа завршија јавните собири во населените места во општината, според предвидениот план и динамика. На овој начин со директни дискусии и разговори со граѓаните, ги слушнавме и воочивме потребите и приоритетите за наредната година и истите ќе бидат вметнати во Програмите и Буџетот за 2020 година“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, по завршувањето на средбите со граѓани што ги имаше низ населените места на општина Василево.  Според неговата констатација, проектите од сферата на локалната патна и комунална  инфраструкрура се приоритетите за наредната година, односно  генерално во сите населени места граѓаните  како најургентни ги нагласиле потребите од  изградба на локални патишта и улици, канализации и проекти од сферата на водоснабдувањето.

На овие средби кои започна во понеделникот на 11.11.2019 година,  покрај градоначалник присуствуваа и дел од советниците од соодветните населени места, директори на институции на локално ниво, како и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Сашко Атанасов.

1

5

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail