Се асфалтираат три улици во Пиперево

naslov

Општина Василево асфалтира три улици во населеното место Пиперево во вкупна должина од 355 метри. Инвестицијата изнесува околу 1 150 000 денари, обезбедени од општинскиот Буџет. Улиците се на различни локации и со различни должини и тоа 165, 120 и 70 метри и ширина до околу 3,5 метри која зависи од постојната состојба и условите на терен.

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев денес беше во Пиперево каде присуствуваше на асфалтирањето на една од трите улици. Јанев информираше дека  асфалтирањето во Пиперево ќе се одвива во континуитет, односно ќе се асфалтираат и трите улици.

„Присуствував на асфалтирање на една од трите улици кои во моментот ги работиме во Пиперево, а тоа е улицата која се наоѓа десно пред црквата Св. Ѓорѓи.  Согласно планираната динамика, по асфалтирањето  на оваа улица  во континуитет ќе се продолжи со асфалтирање и на другите две улици, кај кои се завршени сите други активности и се  подготвени  за последната, завршна фаза. Жителите на Пиперево кои гравитираат кон овие улици и се нивни најдиректни корисници веќе од денес и утре ќе  ги  почувствуваат бенефитите од оваа инвестиција“, информираше градоначалникот Јанев кој потврди дека во континуитет ќе бидат асфалтирани и другите две улици.

Овие улици се во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици на општина Василево за 2019 години, за кои средствата се обезбедени од општинскиот Буџет. Изведувач  на работите на терен  е градежната компанија Портланд.

DSC_0918_1280x851

DSC_0925_1280x851

DSC_0931_1280x851

DSC_0938_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail