Технички прием на прочистителната станица во с. Едрениково

naslov

Денес, во населеното место Едрениково, беше извршен технички прием и пробно пуштање во употреба на прочистителната станица за третман на отпадни води од домаќинствата, изградена во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и  Швајцарската агенција за развој и соработка.

На техничкиот прием и пробното пуштање во употреба присуствуваа претставници на производителот на опремата, на изведувачот, надзорниот орган, Центарот за развој на ЈИПР како партнер и имплементатор на проектот и претставници од општина Василево.

„Прочистителната станица заедно со неодамна изградената канализациона мрежа претставува функционален систем со капацитет за собирање и прочистување на отпадните води од сите домаќинства во населено место,  со што  во Едрениково комплетно е решен проблемот со собирање и третман на отпадните води од домаќинствата, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во врска со финализирањето на овој капитален проект и при тоа изрази благодарност до сите партнери вклучени во неговата имплементација.

„До сите партнери и соработници изразувам огромна благодарност за реализацијата на овој проект, кој  имајќи го предвид значењето на заштитата на животната средина, ги надминува локалните рамки и  има глобално значење“, изјави Јанев.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од  Швајцарската агенција за развој и соработка.

Она што следува, а е од интерес пред се на жителите на с. Едрениково е постапката за приклучување кон системот, која ќе започне во најкраток можен период, односно по завршувањето на примопредавањето на мрежата на Јавното комунално претпријатие „Турија“, Василево  како надлежно за оваа област.

Прочистената вода ќе се испушта во реката Сушица и ќе ги задоволува физичко- хемиските стандарди за испуштање во површински водотек.

DSC_0946_1280x851

DSC_0949_1280x851

DSC_0952_1280x851

DSC_0956_1280x851

DSC_0958_1280x851

DSC_0980_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail