Во населеното место Василево се градат три улици

naslov

Во населеното место Василево, деновиве се  работи на три улици, планирани за изградба со Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2019 година.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, подготвителните активности, односно, ископ, порамнување и тампонирање, се одвиваат паралелно и на трите улици,  пракса која ќе продолжи до финализаирањето односно асфалтирањето на улиците кое би требало да се изврши  деновиве.

„Изведувачот, последоватолно ги работи и трите улици од кои двете се од левата страна на  влезната улица во општинскиот центар, а едната е во близина на Домот на културата во т.н Турско маало. По завршувањето на подготвителните активности  кои се во завршна фаза,  во континуитет ќе се продолжи со асфалтирање, што значи  многу брзо и трите улици ќе бидат комплетно готови“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Должината на улиците изнесува 155, 120 и 100 метри а ширината зависи од постојната ситуација на теренот и изнесува  околу  3,5 метри.

Вкупниот Буџет за трите улици изнесува околу 1,5 милиони денари  и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

 1_1280x960

3_1280x960

7_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail