Во општина Василево годината започна хумано – успешно реалзирана крводарителска акција

DSC_1134_1280x851

Заводот за трансфузиона медицина во соработка со ОО на Црвен крст,  Струмица и општина Василево, денес во просториите на општинската зграда, спроведоа акција на доброволно дарување на крв, прва во оваа календарска година.

Вработените во локалната самоуправа како и обично ја покажаа својата хуманост на дело, и со  ова прво дарување крв во оваа година,  се вклучија во борбата за спасување човечки животи.

Со петнаесетина собрани крвни единици  и четири  нови крводарители кои од денес се дел од  големото семејство на крводарители,   организаторите    задоволни  од денешната акција но и со насоки за поттикнување и мотивирање на граѓаните,  преку информирање за фактите за крводарителството:

Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.

Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.

Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.

Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.

Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.

Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.

На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.

Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Организаторите им се заблагодаруваат на сите учесници во денешната акција и им посакуваат здравје  и долг живот.

DSC_1113_1280x851

DSC_1106_1280x851 DSC_1109_1280x851

DSC_1116_1280x851

DSC_1123_1280x851

DSC_1133_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail