ИЗВЕСТУВАЊЕ за Информативен ден за проектот „Агрометеоролошки станици“

Vasilevo_455x960-horz_1280x653

На ден 17.01.2020 година (петок), со почеток во 12,00 часот, во Домот на АРМ во Струмица, во Салата за советници, ќе се одржи Информативен ден за проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“.

Се повикуваат сите земјоделски производители и заинтересирани страни да земат учество во настанот и да се информираат за начинот на добивање на бесплатни временски информации (влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести).

Во рамките на проектот поставени се 23 Агрометеоролошки станици во сите општини од Југоисточниот регион кои ќе овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

Настанот го организира „Центарот за развој на Југоисточниот плански регион“.

Во рамките на проектот поставени се 23 Агрометеоролошки станици во сите општини од Југоисточниот регион кои ќе овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

Проектот го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со сите општини од регионот со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail