Советот на општина Василево ја одржа 30-та седница

naslov

Советот на општина Василево денес ја одржа 30-та седница на чиј  дневен ред, по дополнувањето беа вкупно девет предлози, меѓу нив и Извештајот за работата на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година односно Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеани а ненамирени ибврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општината (К-3).

Согласно образложението дадено на седницата од страна на  државниот службеник од одделението за финасии, Соња Иванова,  на крајот од овој пресметковен период, реализацијата   кај  Консолидираниот Буџет на општина Василево (во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници, т.е општинските училишта и детската градинка) реализацијата е 75,03 % или изразено во номинална вредност од планирани 200 464 110 дена, реализирани се 150 415 484 ден. Реализацијата кај основниот Буџет е 65,19% или од планирани 116 996 350 денари реализирани се 76 278 887 денари. Реализацијата кај Блок дотациите е 93,08%,  кај Самофинансирачките активности  е 45,85 %, а  кај Донациите 49,36 %. Во однос на приходниот дел, реализацијата кај вкупните  даночни приходи е 79,25%, кај неданочните приходи е 65,45, кај капиталните приходи е 27,92%, додека кај трансферите и донациите реализацијата е 66,96%.

Согласно Кварталниот извештај за доспеани а неизмирени обврски (К-2), долгот на општина Василево во периодот 01.01.2019 – 31.12.2019 е намален и тоа од 53 817 714 денари колку што бил на почетокот на годинат, на 39 350 997 денари, на  крајот од годината односно на 31.12.2019 година.

Што се однесува пак до Извештајот К-3, во делот на отплатата на кредите, ратите се отплаќаат редовно во  предвидените рокови.

Усвоен беше и Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во општина Василево за 2019 година. Согласно Извештајот, изградени односно  асфалтирани се дванаесет улици во вкупна должина од 1881 метри и тоа: три улица во Василево во должина од по 120, 155 и 100 метри; две во Градашорци, во должина од 120 и 180 метри; три во Пиперево во должина од 165, 70 и 70 метри, по една во Седларци (150 м.), Ангелци (150 м.), Добрашинци (420 м.) и Нова Маала во должина од 181 метар. Вкупниот износ на оваа Програма изнесува 12 351 118 денари и истите се обезбедени од повеќе извори: 2 274 222 денари од   Агенција за државни патишта на РМ,  8 413 341 денари од Буџетот на општина Василево, и 1 663 555 денари од Министерството за финансии,  МСИП.

На седницата беше усвоен и Финансискиот извештај за работата на ЈПКД „Турија“, Василево за периодот 01.01.2019 – 31.12.2019 год. Согласно образложението дадено на седницата од страна на Васе Костадинов, претставник од ЈПКД „Турија“, Василево,   Комуналното претпријатие  минатата година ја завршило со добивка од 157 815 денари. Во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 г. вкупните приходи на претпријатието изнесувале 17 229 337 денари а расходите 17 071 522 денари.

На седницата  беше усвоена и Предлог-одлука  за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево од сите ризици и опасности, Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување на бодот за платите на државните службеници за 2020 година, како и две предлог-одлуки за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправно изградени објекти.

DSC_1120_1280x851

DSC_1114_1280x851

DSC_1118_1280x851

DSC_1115_1280x851

DSC_1123_1280x851

DSC_1128_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail