Советот на општина Василево ја одржа 31-та седница

naslov

Седница со „Советнички прашања“ како единствена точка на дневен ред,   да се одржи на 12 март 2020 година –  таква одлука донесоа  членовите на Советот на општина Василево, на денешната редовна 31-ва седница. На таа седницата би требало  да присуствуваат градоначалникот на општината Марјан Јанев  и раководните луѓе од институциите на локално ниво.  Овој предлог, како дополнителна точка на  дневниот ред, предложен од советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сања Стојанова, беше едногласно усвоен од сите советници присутни на денешната седница.

На денешната 31-ва седница на  чиј дневен ред беа три точки, на предлог на претседателот на Советот Крсте Панев, првите две:  Донесување на Одлука по Барање за финасиски средства поднесено од ЛД  „Фазан“ од Василево и  Донесување на Одлука по Барање за финасиски средства поднесено од Црковен одбор на црква Св. Богородица, с. Радичево, беа изземени а како причина беше наведен предизборниот период во кој општината не смее да одобрува и доделува финансиски средства.

На самата седница дневниот ред беше дополнет  со нови предлози и тоа: Предлог-одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12.04.2020 година, со обезбедени еднакви услови  за сите организатори на изборната кампања во општина Василево,  Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација за 2020 година и елаборат за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во општината и Советнички прашања. Овие предлози, како и Предлог-одлуката за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко- планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект  викенд-куќа на к.п.бр. 1584 во КО Градашорци вон г.р. го добија потребното мнозинство.

Седницата заврши по претходно постигнатиот договор меѓу сите советници, наредната седница со единствена точка на дневен ред –   Советнички прашања, да се одржи на 12-ти март 2020 година со почеток во 16,00 часот.

DSC_1131_1280x851

DSC_1133_1280x851

naslov

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail