Во Добрашинци, започна да се гради улица во Турското маало

naslov

Денес, во населеното место Добрашинци започнаа градежните активности за изградба на улица во т.н Турско маало. Според податоците од техничката спецификација, улицата е долга 240 метри и  широка околу 4 метри односно со вкупна асфалтна површина од 900 м2.  Заради специфичните услови на теренот и заштита на улицата и околниот простор од атмосферските води,  ќе бида т изградени и три пропусти за одведување на атмосферската вода во речното корито кое се наоѓа во непосредна близина на улицата.

Оваа инвестиција изнесува околу 1 350 000 денари, средства обезбедени од општинскиот Буџет.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој денес беше во Добрашинци  каде што го следеше почетокот на активностите, изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2019 година, преку која што Програма и средствата се обезбедени.

„Оваа улица во Добрашинци во т.н Турско маало, требаше да се гради минатата година, како што впрочем беше планирано со Програмата за изградба на локални улици и патишта  за 2019 година. Истата не се реализираше бидејки градежната компанија со која имавме потпишано Договор за изградба на улицата, истиот не го испочитува, не ги започна градежните работи, поради што Договорот  беше раскинат. Следуваше нов јавен повик, односно нова постапка за избор на градежна копмпанија,  а резултат на сето тоа е пролонгирање на почетокот на работите за неколку месеци, колку што обично трае целата постапка од распишување на тендер до потпишување на Договор со фирмата изведувач“ информираше градоначалникот на Јанев, кој нагласи дека општина Василево и натаму останива посветено да работи на подобрување на условите за живот во сите населени места на општина Василево.

Изведувач на градежните активности е компанијата „Евроградба – Инженеринг“.

2_1280x960

6_1280x960

9_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail