Маалски средби со граѓаните низ населените места

3_1280x960

Денес, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, во попладневните часови, оствари маалска средба со граѓаните од населено место Василево.   Градоначачникот ги сослуша проблемите со кои се соочуваат граѓаните од тој дел на населеното место и  нивните барања со чие решавање би се подобриле состојбите во секојдневното живеење. „Непосредните средби и контакти со граѓаните се најдобра форма на комуникација, преку која не само што изворно се запознаваме со сите проблеми и потреби, туку истовремено ги разгледуваме и можностите за нивно надминување, притоа заеднички барајќи ги  најсоодветните и најцелисходните решенија за решавање на проблемите“, е ставот на градоначалникот Јанев, кој најави дека во наредниот период, вакви маалски средби  ќе следуваат и во останатите населени места.

4_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail