Општина Василево доби 671 000 евра за локалната патна инфраструктура

2

На свечена церемонија  во Владата на Република Северна Македонија, сите општини од државата меѓу кои и општина Василево со Министерството за транспорт и врски потпишаа Меморандум за разбирање во процесот на имплементација на Проектот за поврзување на локалните патишта. Преку овој Проект општина Василево доби 671 000 евра кои ќе бидат инвестирани во подобрување на локалната патна имфраструктура.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, за поголемиот дел од средствата веќе е определено каде ќе бидат инвестирини, додека за околу 200 000 евра допрва треба да се одлучи.

„Локалниот пат Старо Владевци – Ново Владевци, во должина од околу 2 км. ќе биде целосно реконструиран;  во населеното место Василево, ќе ја асфалтираме улицата во т.н Канал маала која е долга  420 метри и во населеното место Градашорци улицата што води од Домот на културата до индустриската зона, во должина од 432 метри. Согласно пресметките за чинењето на изградба на овие три улици, од одобрените 671 000 евра, би останале околку 200 000 евра за кои допрва ќе одлучиме точно кои улици ќе ги изградиме“, информираше градоначачникот на општина Василево Марјан Јанев, кој додаде дека овие средства не претставуваат оптоварување за општинскиот Буџет, бидејќи тоа е грант, кој општината го доби од Министерството за транспорт и врски односно Владата на РСМакедонија со конкретна намена,  изградба и ревитализација на локалната патна мрежа.

naslov

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail