Во Сушево започна изградбата на улицата кон црквата

naslov

Градежната компанија Портланд, ангажирана од општина Василево, во населеното место Сушево  започна со изградба на улица која води кон селската црква. Ова е една од улиците планирани со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2019 година, а за чија реализација општината  има потпишано Договор со градежната компанија Портланд.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, почетокот на изградбата на оваа улица иако планиран за крајот од  минатата година,   пролонгиран е поради неповолните временски услови во тој период.

Улицата е долга 160 метри, широка околу 3,6 метри, и на истата ќе бидат изградени два армирано- бетонски цевасти пропусти за прифаќање и одведување на атмосферските води.

Вкупниот Буџет за изградба на оваа улица изнесува околу 840 000 денари и истите се планирани и обезбедени со Програмата за 2019 година.

1_1280x960

3_1280x960

4_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail