Привршуваат градежните работи на улицата во Добрашинци од 420 м.

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев денес беше во населеното место Добрашинци,  каде на лице место ги следеше активностите на бетонирање на 420 метарската улица што  општината  ја гради со средства обезбедени од

Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа на РСМакедонија.

„Во тек се завршните активности на бетонирање на коловозната лента на оваа улица, која поради екстремно специфичните услови на теренот, се состои од армирано бетонска коловозна лента и армирано-бетонски канал преку кој се ќе се прифаќаат  водите, за да се спречи оштетувањето на самата коловозна лента но и оштетувањето на околните површини, поплавувањето на дворовите и нивите“, изјави градоначалникот на општина Василево по неговата посета на терен.

Вкупната онвестиција, согласно Договорот со изведувачот изнесува околу 5 300 000 денари, од кои 3000 000 општината ги обезбеди од БРР, а останатите се обезбедени од општинскиот Буџет.

Изведувал на градежните активности е компанијата Жикол.

2

6

7

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail