Обезбедена техничка документација за изградба на три улици

naslov

Денес, во Министерството за финасии,  на општина Василево и беше предадена комплетна техничка документација за локални патишта и улици, односно за три улици во населеното место Василево,  во вкупна должина од 3 км.

Техничката документација опфаќа: основен градежен проект, елаборат за ажурирана геодетска подлога, ревизија на проектната документација, електронска форма на целата техничка документација и  електронска форма на елаборатот за заштита на животната средина,  за секоја од трите улици посебно.

Оваа техничка документација е изработена во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, финасиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) а имплементиран од Министерството за финасии.

„Техничката документација како неопходен предуслов за изградба и реконструкција на локаната патна мрежа го зголемува капацитетот и ја подобрува подготвеноста  на општина Василево за следните фази во изградбата на нови и реконструкција на постојните улици“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во врска со денес преземената  техничка документација.

1_1280x621

3_1280x720

naslov

4_720x960

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail