Денес заврши асфалтирањето на патот кон Браната Турија

naslov

Денес заврши асфалтирањето на патот што води кон брана Турија –  еден од најзначајните туристички локалитети на територијата на општина Василево. Должината на  делот што се асфалтираше изнесува 800 метри, а ширината на коловозната лента е 5,5 метри.

Проектот се реализираше со Поддршка на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој , мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини. Вкупниот Буџет за реализација на овој проект изнесува околу 12 000 000 денари од кои околу 10 000 000 денари обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а околу 2 000 000 денари  се од општинската каса.

„Овој пат има регионално значење со оглед на фактот дека води кон браната Турија, која покрај тоа што е еден од најзначајните туристички локалитети во општина Василево,  со подобрувањето на патната инфраструктура ќе стане поатрактивна дестинација за поголем број посетители со што ќе влијае на туристичкиот развој како на општина Василево така и на поширокиот регион во целина“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој присуствуваше на денешното асфалтирање.

3

8

11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail