Дезинфекција на локалните патишта во општина Василево

1_1024x576

Во насока на заштита и спречување на ширење на  Корона вирусот (COVID -19),  а согласно препораките од Владата на РСМакедонија,  Општина Василево изврши дезинфекција на локалните патишта и најфреквентните улици во населените места.

„Како одговорна локална самоуправа чија примарна цел е доброто на сите своите сограѓани, а во овие специфични услови прв приоритет е заштита на животите на сите граѓани, како општина секојдневно ги преземаме сите неопходни мерки, со кои ќе го спречиме ширењето на овој смртоносен вирус“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во врска со тековните активности и мерки кои  ги презема општина Василево заради заштита на граѓаните. Јанев дополнително апелира граѓаните  целосно да ги  почитуваат сите препораки и сите работи поврзани со локалната самоуправа кои не се од итна природа да ги одложат до нормализирање на состојбата со Корона вирусот. „ Да бидеме сите на висина на предизвикот, бидејќи овојпат се работи за нашите и за животите на нашите најмили, седете си дома и не излегувајте без некоја навистина неодложна потреба“, дециден е Јанев, кој порачува дека и во овие вакви специфични моменти општина Василево и во наредниот период ќе ги презема сите неопходни чекори  и мерки за заштита на своите сограѓани.

5_1024x768

2_1024x576

4_1024x576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail