Општина Василево денес асфалтираше во Сушево

2

Во населеното место Сушево, денес беше асфалтирана улицата што води кон црквата. „Денес асфалтираната улица во с. Сушево е од Програмата за изградба на локални патишта и улици од 2019 година и истата се реализираше во моментот заради лошите временски услови во зимскиот период  и сегашната новонастаната ситуација со пандемијата Covid 19“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес  во Сушево присуствуваше на асфалтирањето на улицата.

Должината на оваа улица е 160 метри, ширината околу 3,6 метри,  и истата опфаќа и два пропусти за одвесување на атмосферските води.

Вкупниот Буџет за изградба на оваа улица е 840 000 денари и истите се обезбедени од сопствени извори. Изведувач на  работите  на терен е градежната компанија Портланд.

Како што информираше градоначалникот Јанев, во Сушево ќе се асфалтира и утре и тоа локалниот пат Ново Владевци – Сушево.

6

4

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail