Реконструирана улицата во Василево од пошта до црква

4

Денес со поставувањето на вториот слој асфалт, Општина Василево  зарши со реконструкција на улицата во Василево што од поштата води кон црквата, во должина од 216 метри.  На чинот на финализирањето  на активностите присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој рече дека како градоначалник   продолжува со активности кои значат подобрување на локалната патна инфраструктура а со тоа и подобрување на условите за живеење во населените места. Во таа насока го најави и утрешното асфалтирање на локалниот пат Ново Владевци – Сушево.

Реконструкцијата на улицата во Василево од поштата до црквата опфаќа поставување на атмосферска канализација, тротоари односно пешачки патеки од двете страни на улицата и ново улично осветлување. Средствата во висина од 4.547.683 денари се обезбедени од Владата на РСМакедонија и АФПЗРР. Изведувач на работите на терен е компанијата Универзал градба.

9

6

8

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail