Известување за земјоделците

Zabraneto dvizenje na cela teritorija11

Општина Василево и Општинскиот кризен штаб  ги информираат земјоделците дека во текот на работната недела,  од понеделник до петок, во атарот на своето населено место непречено можат да се движат и по 16,00 часот, без претходно пријавување. Движењето може да биде исклучиво заради извршување на земјоделски работи.

Но, во случај да имаат потреба,  заради извршување  на земјоделски работи  да се движат надвор од атарот на своето населено место, треба да се пријават во Општинскиот кризен штаб, еден ден пред извршувањето на планираните активности, најдоцна до 20,00 часот.

Пријавувањето треба да го направат на еден од следниве телефонски броеви:

Митко Јанев: 071 874 769

Наско Глигоров: 078 810 312

Бранко Андонов: 071 205 117

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail