Започна асфалтирањето на локалниот пат Ново Владевци –Сушево

3

Општина Василево денес започна со асфалтирање на локалниот пат Ново Владевци – Сушево во должина од 1878 метри и ширина од околу 4,5 метри. Според информациите од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, асфалтирањето целосно треба да заврши во наредните неколку дена.

„Станува збор за целосна реконструкција, односно реконструкција во целата должина од клучката со магистралниот пат А4 Струмица – Скопје па се до центарот на Сушево со отстранување на стариот нефункционален асфалтен слој и поставување на нов асфалт. Реконструкцијата опфаќа и изградба на масивен потпорен зид и еден монтажен цеваст пропуст“ информираше градоначалникот Јанев.

Вкупниот буџет за реализација на предвидените активности изнесува околу 11,5 милиони денари или околу 190 000 евра кои општина Василево ги обезбеди од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

1

6

7

8

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail