Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев

gradonacalnik

Почитувани сограѓани, припадници на Христијанската вероисповед,

Од мое лично име и од име на општина Василево  Ви упатувам честитка по повод големиот Христијански празник, празникот на воскресението, празникот на победата на животот над смртта, Христовото воскресение – Велигден.

Во ова време-невреме, во кое  ние како дел од целиот свет, сплотени  како никогаш досега се бориме  против заеднички, многу опасен, но невидлив непријател,   Ви ја упатувам нејголемата желба: Во духот на празникот нека победи животот.

Во борбата со злото да се потпреме на здравиот разум и исконската човекова борба за опстанок и победа. Да ги почитуваме  препораките од надлежните институции, да се придржуваме кон советите  од стручните  лица  и да му дадеме шанса  на животот.  Ова е такво време во кое единствено е сигурно,  дека ближниот свој ќе го заштитиме  од  невиливото  зло, доколку сме подалеку од него,  доколку се држиме на растојание од него. Физичката дистанца е најдоброто нешто што секој од нас може да го направи за себе и за своите најблиски. Тоа е она што во овие моменти ќе ја покаже големината на човекот и неговата огромна воља  да им одолее на искушенијата и  како и во сите досегашни битки и премрежија да излезе како победник.

Почитувани сограѓани

Нека победи разумот, нека победи љубовта кон најблиските. Со силата која ни ја дарува Бог нека победи животот.

Со убава мисла за секој, со молитва за долг и среќен живот, Ви покавувам мирни и спокојни Велигденски празници.

Христос Воскресна – Навистина Воскресна

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail