Градоначалникот Јанев ја донираше априлската плата

јанев донира

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  ја донираше априлската плата. Имено,  согласно јавно даденото ветување, дека наспроти Одлуката на Уставен суд да се укине Владината уредба – функционерите, пратениците, обвинителите, судиите за април и мај да земаат плата од 14 500 денари,  тој се откажа од делот од платата над 14 500 и истиот го донираше во Фондот за борба против COVID – 19.

„Јас сум против Одлуката на Уставен, ќе земам минималец а разликата ќе ја уплатам во Државниот фонд за помош“, изјави Јанев по донесувањето на Одлуката на Уставниот суд за укинување на Владината уредбата, а деновиве ветувањето го реализираше. „Треба да помагаме тогаш кога е потребно и овој мој чин е токму во оваа насока. Сега е време кога е неопходно да бидеме солидарни и секој согласно можностите да даде свој придонес во надминувањето на оваа состојба предизвикана со пандемијата со Коронавирусот, COVID – 19, “ изјави  градоначалникот Марјан Јанев во врска со  донирањето на својата плата.

„Само заедно, со подадена рака ќе успееме да го надминеме овој тежок период!

Време е за солидарност“, порача Јанев

 јанев донира

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail