Хуманитарни пакети од семејството Заеви за социјално загрозените од општина Василево

наслов

Денес, членовите на Кризниот штаб на општина Василево во хуманитарна акција на терен поделија 300 (триста) пакети со прехранбени производи, кои општина Василево ги доби од семејството Заеви. Пакетите со прехранбени производи се поделени низ населените места на општина Василево, на семејствата со социјален ризик, чија материјална состојба дополнително беше влошена поради пандемијата со COVID – 19.

„Во овие моменти кога сите се соочуваме со последиците од новонастаната состојба, наша, пред се човечка должност е да им помогнеме на оние на кои во моментот тоа им е најпотребно, да ја покажеме нашата солидарност и хуманост и со заеднички напори да направиме се што е во наша можност за полесно да го пребродат овој тежок период, кој особено ги погоди најсиромашните поединци и семејствата со социјален ризик“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој заедно со членовите на Општинскиот кризен штаб, целосно почитувајќи ги мерките и препораките од надлежните, помагаа онаму каде што е најпотребно.

11 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail