ООУ „Атанас Нивичански” го одбележа патрониот празник

АН наслов

Со полагање свежо цвеќе пред бистата на Атанас Нивичански , денес основното општинско училиште од Нова Маала кое го носи името на овој локален војвода го одбележа својот патрон празник.

Пред бистата на патронот се поклонија делегации од училиштето и локалната самоуправа Василево под чии ингеренции е ова училиште.

Основното општинско училиште „Атанас Нивичански“ е основано во 2012 година и во негов состав се и подрачните училишта во населените места Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала.

АН1

АН2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail